Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нема да успеат обидите на Мицкоски и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат правната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ беше и останува одбрана на криминалот на режимот. ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Орце, Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

— реклама —

Објавените снимки потврдуваат дека премиерот Заев нема никаква вмешаност, сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчисти случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.

Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.

— реклама —

Секој, од прв до последен поврзан со овој случај мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.

— реклама —

Сите предмети, од ,,Империја" и ,,Талир" преку „Тврдина“ „ТНТ“, „Топлик“ „Тарифа“ ,,Трезор“, па се до „Титаник" и ,,Тревник" мора да бидат расветлени до крај и сите за кои ќе се утврди вина да одговараат, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања