„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Нема ново нето задолжување од 130 милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ пак лаже, нема ново нето задолжување од 130 милиони, јавниот долг е стабилизиран и ставен под контрола.  ВМРО-ДПМНЕ, партијата што јавниот долг за неколку години го зголеми двојно, партијата што создаде колапс во економијата, продолжува со ширење лажни вести. ВМРО-ДПМНЕ лаже дека има ново нето задолжување на граѓаните и државата, лаже дека се зголемува јавниот долг, велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според објавените информации од Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 130 милиони евра, од кои веќе утре ќе се вратaт 117 милиони евра, a наредната недела ќе се вратат дополнителни 11,38 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Не само што јавниот долг не се зголемува како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е стабилизиран и ставен под контрола и изнесува 48.7 отсто од БДП и не е над 50 отсто како што лаже ВМРО- ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец, а значително се намалени и каматните стапки.

Граѓаните може да останат спокојни, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни, се вели во реакцијата од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања