Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Нема веќе драконски казни - Усвоен новиот Закон за прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Нема веќе драконски казни, нема репресија, воведуваме превенција и правична казнена политика - Усвоен новиот Закон за прекршоци. Ставаме крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

Со новиот Закон за прекршоци, казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра.

— реклама —

Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.

За првпат се прави градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што е правично и праведно.

— реклама —

Наместо изживување врз граѓаните и компаниите, се воведува нов столб на казнената политика - изрекување опомена пред казна. Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.

СДСМ преку Владата и парлементарното мнозинство што ги предводи останува посветена на реформите што го олеснуваат животот на граѓаните.

Ги оставаруваме дадените ветувања, воведуваме правичност, казните да имаат превентивна и корективна улога, а да не бидат екстремна мерка со која само ќе се полни Буџетот, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања