Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Невработеноста се намали на рекордно ниски 17,8 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на невработеноста која во првиот квартал од 2019 година изнесува 17,8 отсто, велат од СДСМ.

„Ова е историски најниска стапка на невработеност.

— реклама —

Успешните економски политики, активните мерки за вработувања и конкурентната економија, даваат позитивни резултати врз намалувањето на невработенста.

— реклама —

За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.

Извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили ваквиот позитивен тренд на намалување на невработеноста.

— реклама —

Реални, официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политки на Владата предводена од СДСМ.

— реклама —

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст и развој, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

Грижата за граѓаните продоложува, зборот важи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања