Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нов раст на индустриското производство од 12 отсто во јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, видливи резултати. Откако во 2018 година растот на индустриското производство беше највисок во последните 7 седум години, индустриското производство продолжува да расте и во 2019 година.Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика растот на индустриското производство во јануари 2019 година е за 12 отсто во однос на јануари 2018 година, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Растот на индустриското производство е проследен и со раст на прометот во индустријата, со зголемен број на вработени во индустријата и раст на платите.

— реклама —
— реклама —

Истовремено, со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ економскиот раст дополнително ќе се интензивира. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е дополнителна можност за влез на нови странски инвестиции, нови подобро платени работни места, а сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што го поттикнуваат економскиот раст и обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања