Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: Новата грејна сезона со пониски сметки за парно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Преку реализација на  бројни мерки и реформи кои носат реални резултати, постојано докажуваме дека сме на прав пат. Главен столб во изборната програма 2016 на СДСМ беше се повеќе парите да завршуваат назад кај граѓаните, на што постојано на различни начини се прави во изминативе две години. Досега, со започнувањето на грејната сезона, растеа и трошоците на граѓаните, денес  трошоците за греење на домовите се намалуваат, се вели во соопштенито од СДСМ.

— реклама —

Една од позначајните мерки која директно влијае на семејниот буџет е  намалувањето на ДДВ на парното греење од 18 на 5 отсто, што значи помали трошоци и повеќе пари да остануваат во буџетот на секое семејство.

— реклама —

Со намалувањето на ДДВ ако сметката за просечен стан изнесувала 2.000 денари месечно, денес трошокот за парно се намалува за 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ, за 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и за 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.

— реклама —

На ова намалување му претходеше и укинувањето на паушалот за парно на исклучените граѓани што неправедно го плаќаа со години. Тоа претставува уште едно намалување на месечните трошоци и враќање на парите кај граѓаните.

Денес, парното греење е достапно за сите, со пониски сметки, со можност на повторно враќање во мрежата а исклучените граѓани, но и привлекување на нови корисници, што позитивно и директно  влијае на намалување на аерозагадувањето предизвикано од загревање на домовите.

Како одговорна партија продолжуваме посветено  да работиме во интерес на граѓаните, ги намалуваме трошоците на граѓаните, позитивно влијаеме на зачувување на животната средина и обезбедување чист воздух, се вели во соопштенито од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања