СДСМ: Новата Влада ќе има помал број министри, а ќе обезбеди повеќе и подобри услуги за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

— реклама —

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и  рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните

Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.

Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања