Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Новиот концепт за третман на отпадот во Скопје, реализиран од градската власт предводена од СДСМ го унапредува квалитетот на животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно, домаќински  и во интерес на граѓаните. Преку новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје, преполните контејнери со отпад и непријатна миризба се веќе минато. Со набавката на новите 540 контејнери со капацитет од 3200 литри, што е за три пати поголем од досегашните, ќе се заменат  над 1800 од вкупно 4500 стари контејнери. Паралелно со тоа, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.  Набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад. Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти, од кои 100 канти се прилагодени  за отпадоци од домашни миленици.

— реклама —

Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини го зголемуваат техничкиот потенцијал и  претставуваат можност заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.

Возилата за миење и чистење се технолошки најсовремени машини на електричен погон кои воопшто не го загадуваат воздухот се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките.

Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, во таа насока се и вложувањата на  локалната и централната власт предводени од СДСМ кои во континуитет продолжуваат со инвестирање во човечки и технолошки ресурси за таа намена,се вели во соопштението од СДСМ.

За нас зборот важи!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања