„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Обезбедни рекордни 1,1 милијарда денари за намалување на невработеноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалена невработеност, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

За таа цел, обезбедени се рекордни 1,1 милијарди денари за имплементација на оперативниот план за вработување за 2019 година, средтсва со кои ќе поддржи отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини.

Минатата година преку мерките од Оперативниот план за вработување за 2018 година се вработија 3.934 граѓани. Реализацијата на Планот за 2018 година беше високи 95 отсто, што е доказ дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.

— реклама —

Мерките од Оперативниот план, зголемените странски инвестиции и зголемемната помош за домашните претпријатија резултираа со намалување на стапката на невработеност која на крајот на 2018 година изнесуваше 20,8 отсто.

Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за при што се опфатени и поединците и компаниите.

Реалното придвижување на економијата, напредокот во интеграциите, зголемената поддршка за малите и средни претпријатија поставуваат добра основа, стапката на невработеност дополнително да се намали и да биде под 20 отсто до крајот на годината.

СДСМ, како одговорна партија пред граѓаните продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања