Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ обвинува за цензура, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Продлабочување на политичкиот судир околу Резолуцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ обвини дека власта преку усвоената Резолуција има намера да воведе цензура и да ја ограничи слободата на медиумите, додека ВМРО-ДПМНЕ возврати со остра реакција, оценувајќи ги обвинувањата како неосновани и политички мотивирани.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека најнов доказ за, како што рече, „обид за замолчување на јавноста“, е изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, дадена во интервју на Сител телевизија.

— реклама —

Според Огњеновиќ, Стојановски, фалејќи ја Резолуцијата, изјавил дека таа е „добра за медиумите“ затоа што ќе се санкционирало ширењето невистини, што, според СДСМ, значи дека власта си зема право да одлучува што е вистина, а што не.

— реклама —

„Ова е потврда дека Резолуцијата не е насочена само кон опозицијата, туку и кон медиумите. Секој што ќе ја критикува власта ќе биде етикетиран како дезинформатор“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека ваквиот пристап претставува опасен преседан за демократското општество.

Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за воведување режимска матрица во која секоја критика се толкува како закана за државата, и најавуваат дека нема да дозволат, како што велат, „гушење на слободата на говор“.

— реклама —

На обвинувањата реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение и видео-материјал, во кое партијата остро ги критикува ставовите на СДСМ, обвинувајќи ги за неконзистентност и политичка конфузија.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа СДСМ и лидерот Венко Филипче да организираат протести против, како што наведуваат, „про-српските ставови на поранешниот лидер Зоран Заев“, посочувајќи дека токму Заев во минатото јавно изразувал позитивни оценки за српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

„Колку и анкети да прават, епилогот за СДСМ е ист. Партијата нема јасна политика, ги менува ставовите и реагира само за да има некакво соопштение“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Македонија има потреба од силна и конзистентна опозиција, но дека, според нив, СДСМ не ја исполнува таа улога.

Полемиките околу Резолуцијата продолжуваат, а двете најголеми партии остануваат на дијаметрално спротивни позиции во однос на нејзината суштина и последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања