Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Очајниот губитник Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, на кои и самиот не се појавува, да поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен. Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници, се вели во соопштението од СДСМ.

Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје.

— реклама —

Нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укина евтината тарифа и за 100 отсто ја зголеми цената на струјата, додека си тераше бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.

— реклама —

Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада.

— реклама —

Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања