Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со најпозитивниот Извештај од ЕК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот на сопствената земја и најпозитивниот Извештај од ЕК ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот и напредокот на сопствената земја. Додека демократскиот свет го поздравува напредокот на државава и не посочува како светол пример, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не можат да се помират ниту да се израдуваат со успехот на земјава, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Очигледно диоптерот за погрешен поглед на реалноста им го штелува Никола Груевски, кој се уште управува со партијата од Будимпешта.

ВМРО ДПМНЕ денес лажно обвинува за криминал и за корупција и тоа од белиот дворец, симболот на расипништвото, криминалот, корупцијата и забеганоста на нивниот режим. Токму затоа државава добиваше замрзнати препораки и беше оценувана како заробена држава во времето на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Наместо празни и лажни обвинувања ВМР0-ДПМНЕ треба да се ослободи од криминалната матрица на Груевизмот, да го прочита најпозитивниот Извештај на ЕК за нашата земја и да честита за напредокот.

— реклама —

Во извештајот јасно е наведено дека Владата презеде чекори за враќање на уставните механизми, како и за јакнење на демократијата и владеењето на правото. Конкретни резултати беа постигнати во клучните области идентификувани со Заклучоците на Советот, како што се правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација, стои во Извештајот.

Сега ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е за право и борба против корупција и криминал. Нека го поддржат Законот и да прифатат продолжување на мандатот на СЈО, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања