СДСМ: Од почетокот на ковид кризата Мицкоски е на прогрешната страна, нема основно чувство за државен интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kongres-sdsm

Христијан Мицкоски од почетокот на кризата со коронавирусот па се до денеска е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните. Мицкоски нема никаква грижа на совест, што постојано ја поткопува борбата против пандемијата, што работи против здравствениот систем, се вели реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

— реклама —

Во продолжение на реакцијата од СДСМ додаваат:

— реклама —

На што мислеше Мицкоски кога одеше во кафана или тераната? Дали тогаш мислеше на забоелните од ковид?

— реклама —

Дали мислеше на здравствените работници кога лажеше дека нема тестови доволно? Или кога ја кочеше помошта за 16 ковид центри низ државата?

Кога организираа партиски собири спротивни на сите здравствени протоколи каков пример даваше Мицкоски?

Дури и некрофилни кампањи тераше неговата ВМРО-ДПМНЕ, без чувство, без трошка морал.

Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните.

Продолжувањето на деструкција покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните.

Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму. Неговите деструкции се негови порази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања