Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ одржува конгрес: Филипче очекува дебата без тензии, Шилегов не е поканет, а Заев - да

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

Денеска од 11 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржува 31. Конгрес на Социјалдемократски сојуз на Македонија, на кој делегатите ќе расправаат за изборниот резултат од последните локални избори, за внатрепартиските состојби и за идните политички насоки на партијата. Конгресот ќе има отворен и работен, затворен дел, а централно обраќање во јавниот дел ќе има претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кое медиумите ќе можат да го проследат во целост.

Во затворениот дел, според партиски извори, генералниот секретар и шеф на изборниот штаб, Александар Саша Димитријевиќ, ќе го презентира извештајот за изборниот процес, по што е предвидено гласање за доверба на Централниот и на Надзорниот одбор. Делегатите ќе разгледуваат и статутарни измени, меѓу кои и предлози за воведување нови дигитални платформи за комуникација со членството и со гласачите.

— реклама —

Конгресот се одржува во период на засилени внатрепартиски превирања и јавни критики кон актуелното раководство, кои се интензивираа по слабите изборни резултати. Филипче, кој изминативе денови е под притисок од поранешни високи функционери, меѓу кои Петре Шилегов и Јован Деспотовски, изјави дека не очекува тензиите да кулминираат на самиот конгрес.

„Очекувам дебата и јавување на делегатите за дискусија. Конгресот е вистинскиот форум за критики. Не очекувам тензии, туку реални и аргументирани забелешки“, изјави Филипче, најавувајќи дека по завршувањето на конгресот ќе следуваат интензивни активности на терен, особено во општинските организации, со цел поголема партиска мобилизација.

— реклама —

Во пресрет на конгресот, Филипче јавно порача дека нема намера да се повлече од лидерската функција и дека негов приоритет остануваат борбата против корупцијата, економскиот и социјалниот развој и враќањето на државата на европскиот пат. Тој критиките од дел од поранешните функционери ги оцени како обиди за ослабување на партијата, тврдејќи дека вистинското членство ги препознава тие процеси.

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во јавни настапи изрази уверување дека конгресот ќе биде успешен и дека мнозинството делегати ќе присуствуваат, што, според неа, е доказ за внатрешното единство и желбата за континуитет во работењето на партијата.

Главните критичари на раководството, Шилегов и Деспотовски, не се меѓу 740-те поканети делегати на конгресот. Шилегов претходно обвини дека не биле испочитувани процедурите за негово свикување и дека до делегатите не биле доставени конгресни материјали, извештаи и предлог-заклучоци, што, според него, ја оневозможува суштинската расправа за причините за изборниот пораз и за мерките што треба да се преземат.

На конгресот се поканети и поранешните лидери на СДСМ, Зоран Заев и Владо Бучковски, додека покана не добил Бранко Црвенковски, кој претходно го замрзна своето членство во партијата.

Денешниот конгрес се оценува како клучен момент за идната насока на СДСМ, бидејќи треба да покаже дали партијата ќе успее да ги надмине внатрешните поделби и да изгради јасна политичка стратегија по изборните неуспеси и критиките што со месеци се слушаат во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypuonom89qceu5AhNovk

„Мицкоски со лаги дојде на власт и со лаги владее“, велат од СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarybv9cskfmgkn11uCvVNA

„Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда – уште една лага на Мицкоски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhparun6lss652unJ5gS

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3p4s88r2p4pfrZNenA

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања