Промени тема
Контакт

СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uciliste

Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

— реклама —

За жал, со нив се случи уште една катастрофа. СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност и револтирани родители.

Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе денес треба да започне новото пријавување.

— реклама —

СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана.

— реклама —

Ова е премногу! Време е за избори и време е за промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања