Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со ратификацијата на Договорот од Преспа во Парламентот во Грција се реши 27 годишниот спор што ја влечеше државата надолу и го спречуваше развојот на регионот, велат од СДСМ.

— реклама —

„Отстранета е последната пречка на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Спорот е решен во интерес на државата, граѓаните, националните и државни интереси. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и посебност се обезбедени и зајакнати, еднаш засекогаш признаени од целиот свет, идината на Македонија во ЕУ и НАТО е извесна.

— реклама —

Македонија станува 30 земја членка на НАТО алијансата, а следува и започнување на преговорите за членство во ЕУ.

— реклама —

Тоа значи поголема безбедност и сигурност, трајна заштита на границите, но и пристап до поголем пазар, нови инвестиции и работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

Договорот од Преспа е пример за решавање на децениски спор во интерес на двете страни и е модел за решавање на идни билатерални проблеми во регионот и светот.

СДСМ им честита на граѓаните на двете земји за постигнатиот историски договор и им се заблагодарува на сите политички, граѓански и општествени чинители кои го поддржаа Договорот што обезбедува развој, мир и просперитет на целиот регион“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања