Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Отворена нова градинка во Општина Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

— реклама —

Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин покажа дека грижата за најмладите е еден од нејзините врвни приоритети. Oпштината континуирано инвестира во изградба на нови и проширување на веќе постојните капацитети на детските градинки. Имено, деновиве беше пуштена во употреба новата детска градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, со капацитет за згрижување од двесте деца, истакна Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром.

— реклама —

Овој современ објект со сите неопходни стандарди ги обезбедува најсовремените услови за згрижување и престој на деца од предучилишна возраст. Новата градинка се состои од 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна, со вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Средствата за оваа градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.

Со овој објект градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче. Во наредниот период ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Владата на СДСМ, покрај што ги зголемува згрижувачките капацитети, го враќа и достоинството на воспитувачките и негувателките. Платите на стручниот кадар во градинките ги зголеми за 16%.

Постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.  За нас зборот важи, истакна Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања