Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Пензиите, од овој месец, се покачуваат за рекордни 8,4 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Penzioneri

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани. Во време кога државата се уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите. Пензиите, од овој месец, се покачуваат за рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува за над 1.500 денари, вели СДСМ

— реклама —

„Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

— реклама —

Додека СДСМ, како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на народот.

Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија која во изминатите години блокираше и се уште блокира закони во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања