Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: Платите продолжуваат да растат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите што ги унапредуваат системите на детска и социјална заштитата. Платите продолжуваат да растат, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени како воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.

— реклама —

Исто така, усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките. Продлжува и реализацијата на реформите кои го  унапредуваат системот на социјална заштита, се враќа достоинството на професијата. Од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен. Зголемувањето на платите се спроведува согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 вработени.

Веќе во септември предвидено е ново зголемување за 5 отсто. Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната и детската заштита, градиме систем кој се грижи за децата и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања