Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Платите продолжуваат да растат, од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување политики што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во семејните буџети.  Веќе од месец септември, предвидено е зголемување на платите во образованието, се вели во соопштението од СДСМ.

Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата на платата за месец септември.  Ова е уште една потврда за инвестициите во образованието и грижата кон наставно-научниот кадар. Во меѓувреме, продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда за успешните економски политики.

— реклама —

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година. Тоа претставува пораст на просечната плата за над 1.000 денари за период од една година.

— реклама —

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните.

— реклама —

Зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања