Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: Платите во јавниот сектор ќе се исплатат навремено и во рамки на законскиот рок, повисоки за 5 проценти, како што беше ветено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор. Зголемувањето на платите е предвидено со иницијалниот Буџет за 2019 година, а Законот кој го овозможува тоа по скратена постапка се очекува да помине во Собрание во текот на следниве денови, се вели во соопштението од СДСМ.

Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

— реклама —

Во насока на зголемување на платите е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари.

— реклама —

Целта на оваа мерка е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра.

— реклама —

Зголемувањето на платите на администрацијата, како и мерката која е насочена за зголемување на платите во приватниот сектор ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања