Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СДСМ: По 11 години игнорирање се спроведува акција за решавање на проблемот со загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух. Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови, велат од СДСМ.

— реклама —

„АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва.

— реклама —

Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот“, велат од СДСМ.

— реклама —

Исто така оттаму додаваат дека се преземени мерки за заштита на животната средина во делот на одлагањето, односно третирањето на пепелта со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште.

„Следната година започнува да се заменуваат електростатските филтри кои не биле заменети од 1980 година. Со нивната замена обезбедуваме намалување на штетните емисиите, согласно Планот за чист воздух.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ“, стои во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања