Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: По 13 години нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг од ББ на ББ+

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

По 13 години Република Северна Македонија конечно има подобрување на кредитниот рејтинг, откако Агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед, се вели во соопштението од СДСМ.

Во извештајот на Фич се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините.

— реклама —

Подобрениот кредитен рејтинг ја враќа довербата во економијата и уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати односно подобар животен стандард за граѓаните.

— реклама —

Ова е показател за успешноста на економските политики и истовремено е дополнителен мотив реформите да продолжат, како и охрабрување на домашните и странски инвеститори дека земјата е на добар пат, економијата е стабилна и се движи во нагорна линија.

— реклама —

По добивањето на најпозитивниот извештај од ЕК, интензивната ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, подобрувањето на кредитниот рејтинг е последна потврда дека државата оди напред, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања