Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: По децениска негрижа и неодговорност, проблемот со загадениот воздух се решава со системски мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev

Децениските криминални политики на на ВМРО ДПМНЕ, придонесоа за симстемско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина, доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат, велат од владејачката СДСМ.

— реклама —

„После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристао од институциите.

— реклама —

Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош.

— реклама —

Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека, се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот.  Од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија, како Прилеп и Битола. Истовремено ќе се субвенционираат трошоците за набаква на електрични и хибридни автомобили и трошоците за вградување на погон на ТНГ на автомобилите.

„Со сериозен меѓуинституционален пристап се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. Владата и сите надлежни институции остануваат посветени на обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите.

Со преземање на сите овие мерки и вклучување на нови , владата предводена од СДСМ продолжува со активностите во справување со долгогодишниот проблем со загадувањето со цел почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања