Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СДСМ: По намалување на извршителските и нотарските трошоци се отвора и можност за бришење на стари долгови на 200.000 граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev

Со низа на мерки на Владата предводена од СДСМ во семејните буџети се слеваат повеќе пари. Намалување на извршителските и нотарските трошоци од 50 до 90%, отписот на камати на стари долгови за електрична енергија, топлинска енергија, намалувањето на казните за 70% за физички лица и намалување за 60% на казните за фирмите се дел од мерките, велаат од СДСМ.

— реклама —

„Како што објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, остварен е напредок во преговорите на Владата со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година.

— реклама —

Постои волја за решавање на овој проблем, со што се отвора можност за бришење на стари долгови за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринти со проблеми од извршители и блокирани сметки.

— реклама —

Очекувањата се дека по постигнување на конечен договор со овие компании, ќе може да се избришат долгови од 110 милиони евра, пари што на овој начин ќе останат кај граѓаните.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките и проектите што го олеснуваат животот, ги намалуваат трошоците, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања