Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: По хаосот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за препораките од УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
120190420_222145

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците врз Охридскиот регион. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион после 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културно наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид - заштитеното подрачје од УНЕСКО.

— реклама —
— реклама —

Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.

— реклама —

Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство  е мотив плус за интезивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство. Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО за Охрид и Oхридскиот регион, со цел зачувување и заштита на нашето  уникатното природно и културно богатство, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања