Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Победа над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ, секогаш на вистинската страна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

СДСМ на сите граѓани им го честита Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

— реклама —

„На денешен пред 78 години беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја.

Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа.

— реклама —

Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ.

— реклама —

Државноста на Македонија почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.

Нашите предци, во антифашистичката борба, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава. Нашата борба, сега е да се избориме за европска иднина на македонската држава.

— реклама —

СДСМ секогаш е на вистинската страна на македонската историјата, од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со Европската унија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања