Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Победата на Пендаровски ќе биде победа на концептот едно општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е потврда на концептот промовиран од СДСМ за изградба на едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија, држава рамноправен партнер на демократскиот свет, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

За првпат во историјата 30 партии од различни етнички заедници, од различни политички определби се обединија и застанаа зад еден кандидат кој обединува, кој е подготвен да ја води државата напред кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

— реклама —

На претстојните избори, граѓаните ќе изберат вистински претседател на сите граѓани, претседател кој е противник на поделби и изолации, претседател кој ќе застане заедно со демократските и прогресивни сили и кој ќе ја промовира Северна Македонија како глобална и праведна земја.

— реклама —

Претседател кој ќе биде конструктивен и принципиелен партнер во започнатите реформски, интеграциски и економски процеси што се во интерес на граѓаните.

Затоа граѓаните масовно ќе излезат на претседателските избори и ќе изберат заедништво, иднина, ќе изберат да продолжиме да одиме напред.

— реклама —

Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на концептот едно општество, победа на нашиот заеднички пат кон напредок, развој и интеграција, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања