Промени тема
Контакт

СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222432

Тенденциозноста на СДСМ не поминува. Се обидуваат да спинуваат документ, кој повикува на итно отворање на преговори. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е гласно кажан на Конгресот од страна на претседателот Мицкоски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП го повикуваме СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.

— реклама —
— реклама —

СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност на нејзината врхушка им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет. Наместо за европски и демократски вредности, СДСМ ги стави во договорната рамка историските и идентитетските прашања, кои сега се камен околу вратот на државата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните во Македонија, јасно се противи и ќе се противи на ваквите анахрони, недемократски и неевропски да бидат услов на македонската интеграција во ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања