Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Осум земји членки го ратификуваа протоколот за членство во НАТО, одиме напред, граѓаните ќе изберат претседател кој обединува и води кон НАТО и ЕУ Нашата земја го доби своето заслужено место, седна на масата во НАТО алијансата, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Со Романија и Литванија, веќе вкупно 8 земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за полноправно членство.

После деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, нешто што е исклучително важно за нас, туку значи напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

— реклама —

Рекордниот раст на инвестициите од над 624 милиони евра е индикатор дека безбедноста, стабилноста и интеграциите ја зголемуваат доверба кај компаниите. Инвестициите носат повеќе пари, нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард.

— реклама —

Како напредуваме во интеграциите, во членството во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните, државата.

Не смееме да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите. Граѓаните добро знаат што значи уназадување, изолација и враќање назад, го чувствуваа тоа 10 години под режимот на ВМРО- ДПМНЕ.

— реклама —

На престојните претседателски избори граѓаните ќе изберат претседател кој обединува, кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, ќе го изберат Стево Пендаровски, вистински претседател за сите граѓани, велат од СДСМ во денешното соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања