СДСМ: Потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема ништо незаконско во набавката на вакцини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kineski-vakcini

Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно се уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии. Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.

— реклама —

Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.

Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања