Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Повторно високи откупни цени за тутнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Повторно високи откупни цени за тутнот, исплатени се над 86 милиони евра, грижата за земјоделците продолжува. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откупот на тутнoт е целосно завршен, се вели во соопштението на СДСМ.

— реклама —

Повторно високи откупни цени за тутунот и оваа година, со просечна цена од 214,24 денари по килограм тутун.

— реклама —

Она што е важно, досега, исплатени се 98,24 отсто од вкупните количини на предаден тутун, а кон тутунопроизводителите исплатени се над 86 милиони евра за продаденото производство.

Рекордната цена од 217,60 денари по килограм тутун за реколтата 2017 година позитивно влијаеше на зголемувањето на производството и зголемениот откуп на тутун. За реколтата 2018 година склучени се над 4.700 договори повеќе во однос на претходната година, а истовремено, забележано е зголемување на засадените површини со тутн за 387 хекатри повеќе во однос на 2017.

— реклама —

За оваа реколта исто така позитивно влијаа и обезбедените субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм тутун, во зависност од класата.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ и Министерството продолжуваат со грижата кон земјоделците и остануваат силно посветени на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања