Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот на Груевски и да се повлечат од нивните функции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и злоупотреби нема никаков кредибилитет да зборува за лична и морална одговорност, велат од СДСМ.

— реклама —

„Павле Богоевски покажа висока морална одговорност пред граѓаните, вредност што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната.

— реклама —
— реклама —

Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини отвори едно значајно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

— реклама —

Наместо лицемерно да зборуваат за чест и морал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и да гласаат ЗА одземање на неговиот мандат а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања