ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ прави спин на изјавата од Николовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —

„По директна наредба на Зоран Заев, а во координација на голем број провладини медиуми се извртува вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски за  Фактор магазин. Се вади половина реченица без да се каже што било прашањето, кој е контекстот како и без да се пренесе целосно одговорот. Тоа е позната методата која се вика спин!

— реклама —

Денес на тој спин СДСМ прави прес конференција како продолжение на голем број нарачани медиумски „анализи".

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека подобар договор беше можен да не го потпишеа уценетите Заев и Димитров најлошиот возможен договор!

Подобар договор се уште е можен доколку Заев утре ја запре процедурата во Собрание и даде оставка. Нова Влада на ВМРО ДПМНЕ посветено и чесно може да направи подобар договор.  Но доколку тоа Заев не го направи одговорноста е кај него и Димитров за овој договор и истата ќе ја носат со себе целиот живот.

Ниту една пропаганда, ниту еден спин, нема да им помогне да го избришат предавството.

Овој спин е свесно направен со цел да се сокрие содржината на уставните амандмани која денес се објави, а со која за жал целосно се обесчестува Македонија. Ние пред референдумот баравме да се објави содржината. Сега гледаме зашто Заев и Димитров не ја објавија.

Предавството кое го направија ќе им стои и тежи цел живот“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања