Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Правната држава функционира, никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

— реклама —
Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво.

— реклама —
Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност. Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.

— реклама —

Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања