Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Предвидени се нови дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Реформите во здравството не се на штета на граѓаните како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, тие се во интерес на здравствениот систем

Очигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики, велат од СДСМ.

— реклама —

„Очаен е обидот на ВМРО ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата ќе биде на нивна штета.

Вистинита е токму спротивна, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања  од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното.

— реклама —

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните. Серија на вакви и слични прес конференции полни со невистини за јавните набавки во здравство ВМРО-ДПМНЕ објавуваше и во минатото, но на крајот институционално се потврдија како класични лажни вести.

Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за Здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон Болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал.

— реклама —

Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара предизвикува проблеми, истата ќе биде сменета со нова.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите  за работа на медицинскиот персонал и докторите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања