Откако двете партии ги утврдија коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка Влада, денес се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната Влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите.
Во тек е и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.
Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат.
Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите.
Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор.