Промени тема
Контакт

СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, на која еден од главните приоритети ќе и биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

— реклама —

Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер.  За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.

— реклама —
Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни и затоа воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.

Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa.

Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања