Промени тема
Контакт

СДСМ: Прочистувањето на судството започна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе мора да се соочат дека правда и одговорност ќе има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sudstvo-2

ВМРО-ДПМНЕ бадијала попречуваат и бранат криминал. Одговорност и прочистување на судството ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ставена во одбрана на криминалот, упорно се труди и прави се` за попречување на правдата, за средување на состојбите во судството, истото кое оваа партија го урниса и 11 години го држеше под контрола. Токму затоа тие беа и единствените против Законот за Јавно обвинителство, но не успеаа, се вели во реакцијата на прес-конференција на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:

Партија која своите лаги ги пласира од Белата палата, синоним на криминалот и корупцијата, со блокирана сметка, замрзнат имот, и извршители за позлатени рамки на слики од бегалецот Груевски, најмалку може да зборува за правда, правна држава, независно судство.

Партија која го измисли сваровски судството со кое "пали гаси" беа судии и обвинители од тефтерчето на ВМРО-ДПМНЕ, нема образ да глуми загриженост на оваа тема.

— реклама —

Им се допаѓало тоа или не на "единствениот на браникот на криминалот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, правда ќе има, прочистување на судството ќе се случи.

Правдата е првиот, врвен приоритет и во стратешката рамка "Акција 21", на Владата предводена од СДСМ.

Филтрацијата којашто започна е директен удар врз судството какво што го создаде ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Методологијата за филтрација ја направија Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, односно самата фела. Со неа ќе се одделат корумпираните од чесните, стручните од нестручните судии и обвинители.

Се работи за европски концепт, со кој ќе се зголеми транпарентноста, правичноста и ефикасноста во правосудството.

— реклама —

Филтрацијата почна и нема да заврши сеʼ додека граѓаните не добијат прочистено судство, правда еднаква за сите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се соочат во реалноста, дека правда ќе има.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања