Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ: Продолжува грижата за младите, Европска младинска картичка со бројни поволности за младите лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите преку создавање и имплементирање младински политики и мерки кои го олесеснуваат животот на младите. Веќе од следниот месец започнува проектот „Европска младинска картичка“  која ќе ги доближи младите до европските услови и вредности,се вели во соопштението од СДСМ.

Европската младинска картичка која ќе можат да ја добијат сите млади од 15 до 29 години овозможува младите да остваруваат поволности и придобивки во секојдневниот живот во делот на попусти при посети на културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, транспорт, едукација, спорт и доусовршување.

— реклама —

Веќе се склучени меморандуми за соработка со над 300 субјекти (кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, центри за едукација и развој, спортски центри и други) кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.

— реклама —

На овој начин ќе се намалат трошоците на младите, но и ќе се овозможат поволни услови за личен развој на младите во делот на спортот, културата, образованието. Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции постојано работи за унапредување на условите и стандардите за младите.

— реклама —

Продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Европска младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите кои се врвен приоритет, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања