Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ: Промените продолжуваат, сите сме ставени во служба на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СДСМ постојано покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните. За жал, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, денес е режим во обид, но нивниот систем е во распад.

— реклама —

Очигледно е, кај ВМРО-ДПМНЕ нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту идеја за промена, а не пак да стигнат до неа.

— реклама —

Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта.

Не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата.

На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните.

Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и државата да ја вратат во темното минато на режимот, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања