Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Просечната плата зголемена за 2 илјади денари, за прв пат државата враќа пари од ДДВ назад кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

За првпат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност. Со поврат на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство, се вели во соопштението од СДСМ.

Во изминатите две години, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во април 2019 година изнесува 24 785 денари и е за 3.5% повисока во однос на април 2018 година. Просечната плата за две години порасна за 2 илјади денари. По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска,конкурентна и силна економија која создава шанса за сите.

— реклама —

Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа за струја, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањето на трошоците за извршители и нотари ,како и намалувањето на казните за правни и физички лица до 75 отсто и повратот на ДДВ од 15 отсто се само дел од економските реформи и директен доказ за домаќинското и одговорно однесување на Владата предводена од СДСМ.

— реклама —

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања