Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Рамо до рамо со народот, до победа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

СДСМ почна голема теренска активност со слоганот „Рамо до рамо до победа“, во чии рамки претставници на партијата со граѓаните ќе разговараат за актуелни теми, ќе дадат отчет за сработеното, но и ќе бидат најавени следните активности, информираат од партијата на власт.

Со „Рамо до рамо со народот“, во наредниот период, како што велат, претставници на СДСМ ќе посетат 946 населени места во татковината, ќе разговараат со сите граѓани, во секое населено место, во секоја уличка, куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница.

— реклама —

„Најтешкото е зад нас, но предизвици за македонската иднина сè уште постојат. Потребни се сплотеност, заедништво и мобилизација на целото македонско општество за нова победа на државата!

— реклама —

СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличи промашените пропаганди, да го порази евтиниот популизам на Левицата и ВМРО-ДПМНЕ и да ги трасира победничките политики!

СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Рамо до рамо со народот, ќе продолжи да се бори за подобро утре за сегашните и идни генерации“, се истакнува во нивното соопштение.

— реклама —


[ad_2]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања