„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: Раст на економијата, повисоки плати, повеќе пари кај граѓаните и подобар животен стандард

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Позитивните економски показатели од минатата 2018 година покажуваат дека економијата е раздвижена, расте и се развива во вистинска насока, платите растат во сите сектори, се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Вистинските економски политики на Владата и Планот за економски раст даваат резултат.

Реални се очекувањата и проекциите за 2019 година како година на економијата. Трендот на раст на платите продолжува и во оваа 2019 година.

— реклама —

Оваа година, вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници добиваат поголеми плати за 5 проценци.

Докторите специјалисти добиваат поголеми плати за 10 отсто. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места.

Создадени се услови навистина да се вренува трудот на работниците и да се подобри животниот стандард на работничките семејства, на граѓаните.

Истовремено, невработеноста во 2019 и понатаму ќе се намалува, преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари. Очекувањата се невработеноста да се намали под 20%, што е историски најниско ниво.

Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните економски мерки, владата предводена од СДСМ создава реални услови за повисоки плати, нови и подобро платени работни места, повеќе пари во секое семјство и подобар животен стандард за граѓаните во 2019 година, стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања