„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Растот на просечната плата од 8,1 отсто е најголем раст во последните девет години, економијата се движи во добар правец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжувааат да даваат реални, видливи резултати што ја движат економијата и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

— реклама —

Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година кога таа изнесувала 23 850 денари.

— реклама —

Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, како и отворањето на новите и добро платени работни места.

Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори. Се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување, за поддршка на домашните и странски инвестиции.

Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се постигнува целта се повеќе пари да завршуваат кај граѓаните, во семејствата со крајна цел просечната плата до крајот на следната година да изнесува 500 евра.

Со членството во НАТО сојузот и напредокот во евроинтеграциите се очекува дополнително интезивирање на економскиот раст, зголемување на инвестициите, раст на платите, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања