Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Развоен Буџет за 2024 година, повисоки плати и пензии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


„Буџетот за 2024 година, предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен, креиран согласно потребите на граѓаните и на македонската економија. Предложениот буџет целосно обезбедува средства за повисоките пензии и плати, како и средства за реализација на капиталните инвестиции. Вкупните приходи се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари, што е за 10 отсто повеќе во однос на 2023 година, а расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на оваа година“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Буџетскиот дефицит, проектиран на 3,4 отсто од БДП (33,5 милијарди денари), е во согласност со определбата за фискална консолидација.

— реклама —

Капиталните инвестиции се планирани 45,1 милијарда денари.

— реклама —

Очекувањата за 2024 година се раст на БДП од 3,4 проценти, раст на платите за 8,4 отсто и понатамошно намалување на инфлацијата на 3,6 отсто.


Целта на буџетот е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза“, се додава во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања