Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ реакција: На една страна се граѓаните и демократскиот свет, на спротивната Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, нека се подготват за пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска останува посветена на груевизмот и влегува во нови контрадикторни изјави, се вели во реакцијата од СДСМ.

— реклама —

Тврдењето дека Договорот од Преспа е штетен е директна порака на Силјановска дека членството во НАТО и ЕУ не е добро за земјава, не е добро за граѓаните. Тоа е истата матрица на груевизмост и остатокот на тој груевизам, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Целиот демократски свет го поздрави Договорот од Преспа како многу значаен за иднината на земјата, ја препозна храброста, визионерството на владата предводена од СДСМ да ја поведе државата напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.

Од една страна се ЕУ, НАТО, демократски и прогресивни сили во државата кои работат на напредок, развој и интеграција, од друга страна се Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ кои се против Договорот од Преспа, против иднина во ЕУ и НАТО.

— реклама —

Граѓаните нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој ќе работи против нивните интереси. На Република Северна Македонија и е потребен вистински претседател кој ќе работи на остварување на децениски те заложби за напредок и интеграција.

— реклама —

Затоа на претседателските избори граѓаните ќе го поразат груевизмот и неговите остатоци како Мицкоски. Граѓаните ќе изберат иднина, ќе го поддржат Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани, стои во реакцијата од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања