Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Ребалансот на буџетот овозможува услови за дополнителен раст на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ продолжува со активни развојни економски мерки кои ја стабилизираат економијата, овозможуваат економски раст и раст на платите. Со ребалансот, буџетот продолжува да дистрибуира се повеќе пари назад кај граѓаните. Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари  за активни мерки за вработување, со што ќе се влијае на намалување на невработеноста и отворање на нови работни места, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Ребалансот предвидува и субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари, за што се обезбедени 400 милиони денари.

— реклама —

Оваа мерка од една страна ја сузбива сивата економија, а од друга страна овозможува зголемен прилив на средства во пензискиот фонд.

Трендот на раст на платите продолжува. Од септемвриската плата вработените во јавната администрација ќе добијат покачување од 5 отсто.

Ова се само дел од мерките кои обезбедуваат креирање на силна и конкурентна економија, економски раст и силна и реална поддршка за компаниите.

Како одговорна партија, остануваме силно фокусирани на креирање и имплементирање на активни мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во стопанството и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања