„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, граѓаните добиваат чиста вода за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
voda

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат. Водата во Гевгелија е со висок квалитет, повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење, велат од СДСМ.

— реклама —

„Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

— реклама —

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања