Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава“ и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава“ и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот, денес реформите се препознаени, извештајот е охрабрувачки ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човекови права, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, после црни 11 години, конечно нотира напредок во слободат на медиумите и судството.

Во црните 11 години за Република Северна Македонија,време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите.

— реклама —

На пример во 2015 година, токму кога Мицкоски му беше советник на Груевски, главните  забелешки на Стејт Департментот беа дека постои директно учество на високи и  владини претставници во нелегални активности и корупција, ограничена медиумска слобода и директно мешање во судството.

— реклама —

За разлика од таквите извештаи, извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство.

— реклама —

Извештајот на Стејт Департментот е охрабрувачки и мотивира да се продолжи со реформите, да се надминуваат пречките и да се работи исклучливо во интерес на граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања